еМагазин
Македонија

Филипче: Желбата на граѓаните за вакцинација многу охрабрува, за 24 часа една доза примиле еден процент од населението

Министерот за здравство Венко Филипче, објави дека за 24 часа една доза на вакцина примиле еден процент од населението.

„Повторно имаме рекорден број аплицирани дози во еден ден. Желбата на граѓаните за вакцинација многу охрабрува.

За да му се вратиме на секојдневието кое сите го посакуваме треба колективен имунитет, а тоа значи што поголем број од населението да се вакцинира.

Ве повикувам сите кои се уште се двоумите вакцините се безбедни и ефикасни и спречуваат тешка форма на болеста. Вакцинирај се без закажан термин,“ напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вакцинацијата руши рекорди, скоро 20.000 дози вакцини се аплицирани вчера

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беса на Касами: На албански јазик во сите документи ќе стои Македониш, во превод „на Македонија“

Редакција

Убава вест: 1.023 оздравени од Ковид-19

Редакција

Град Скопје поднесе кривична против Петре Шилегов и Љубица Јанчева

Редакција