еМагазин
Image default
Локално

„Филм“ во Куманово: Опожарил полициско возило, па пукал кон полицајците што го бркале

Полициско возило паркирано во близина на Отсекот за управни работи на СВР Куманово е опожарено минатата ноќ во 02:10 часот, информираше денеска кумановската полиција.

Полициски службеници од СВР Куманово на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ забележале едно лице кое го предизвикало пожарот на моторно возило „Шевролет Спарк“, во сопственост на МВР, кое било паркирано пред поранешниот Дом на АРМ.

„Лицето се дало во бегство, а по кусо време од страна на полициски службеници било забележано на улицата „Боро Прцан“, но не ја почитувало дадената наредба за застанување, туку вперило огнено оружје и испукало неколку проектили кон нив, по што побегнало. Нема повредени“, соопшти СВР Куманово.

Опожареното возило „Шевролет Спарк“ е изгаснато по интервенција на Територијалната противпожарна единица Куманово. Во координација со јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот и увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во пандемија се зголемуваат часовите кога нема вода за пиење и хигиена во Тетово

Редакција

Во када пронајдено починато 26-годишно момче од делчевското село Стамер

Редакција

38-годишен машинист од Прилеп пронајден мртов, затрупан во одрон од земја во рудникот „Суводол“

Редакција