еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Филмска бркотница на Охридското езеро: Полицајци пукале за да запрат глисер

На 02.08.2020 околу 22,30 часот полициски службеници од Полициска станица „Охридско езеро“ се упатиле наспроти с.Радожда,струшко каде забележале глисер со албански национални ознаки во кој биле две лица кои превезувале предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело, како се движи кон Р.Албанија, информира МВР.

По издадена наредба од полициските службеници за запирање на глисерот, пријавените не ја испочитувале наредбата и со глисерот неколку пати удриле во службениот пловен објект, по што еден од полициските службеници испукал четири предупредувачки куршуми, а лицата се упатиле кон с.Лин, Р.Албанија.

За настанот се известени пограничните органи на Р.Албанија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гореше мотоцикл „Сузуки“ на булевар АСНОМ во Скопје

Редакција

Седницата за избор на нова влада почнува во сабота

Редакција

Скопјанец паднал од мотор, па го прегазил автомобил

Редакција