еМагазин
Image default
Локално

Филмска полициска потера по двајца Алжирци во Скопје

На 13.03.2020 во 03.40 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, патничко возило „рено клио“, со велешки регистарски ознаки, не застанало на даден знак од полициски службеници и продолжило кон Железничката станица, информира МВР.

Веднаш биле упатени дополнителни служби за да се запре возилото, но тоа успеало да ги одбегне патролите и се упатило по бул.„Гоце Делчев“ во правец кон крстосница со ул.„Беласица“.

„Во близина на МТВ, возилото удрило во патничко моторно возило „дачија дастер“, сопственост на МВР, по што возилото продолжило во правец кон нас.Керамидница и по кратко време возачот изгубил контрола и удрил во бетонски жардињери и запрел.

Притоа, со повреди се здобил совозачот, а возачот излегол и скокнал во реката Вардар  во обид да им избега на полициските службеници.

За кратко време бил изваден од реката, по што и двете лица биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош и било утврдено дека биле од Алжир. Возилото кое го управувале, го одзеле во текот на ноќта од с.Градец, валандовско. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИДСЦС спроведе симулациска вежба за поплави во Општина Кавадарци

Редакција

Бројот на вакцинирани се зголемува: Вакцинирани вкупно 1.018 деца

Редакција

Нападнат контролор на ЈСП

Редакција