еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Финска утре ќе стане членка на НАТО, најави Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека утре ќе биде поставено знамето на Финска пред седиштето на Алијансата во Брисел.

Финска ќе стане 31-ва членка на НАТО.

– Утре ќе ја пречекаме Финска како 31-ва членка, изјави Столтенберг во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.

Процесот на ратификација во 30-те земји членки на НАТО беше завршен на 31 март со одобрението на турскиот Парламент за пристапување на Финска, која поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Издадена еврообврзница од 500 милиони евра, со каматна стапка 7%

Редакција

„Кој друг ако не Миле, Миле е за се крив“, рече Јанакиески во завршните зборови за “Организаторите на 27 април“

Редакција

Реотворена македонската Амбасада во Украина

Редакција