еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Фирма ќе може да се отвори со оснивачки капитал од едно евро

Во собраниска процедура влезе предлогот за измени на Законот за трговските друштва кои предвидуваат друштво со ограничена одговорност да може да се отвори со основачки капитал од 1 евро.

„Целта на предлог на законот е  да се овозможи основање друштво со ограничена одговорност со симболичен минимален износ на почетен основачки капитал од 1 евро, од страна на лица-граѓани кои имаат идеја за водење бизнис, но немаат доволно средства во износ од најмалку 5.000 евра основачки капитал, за да отпочнат сопствен бизнис.

Со примената на одредбите од Предлог законот се очекува и намалување на сивата, нелегална економија во државата“, се вели во предлог-законот

Со него, се воведува нов тип друштво со ограничена одговорност, кој го носи насловот „Поедноставено друштво со ограничена одговорност-ПДОО“.

Друштвото може да има најмногу до тројца основачи-физички лица, од кои еден е управител, односно член на органот на управување. Со оглед на тоа што станува збор за друштво со основна главнина од 1 евро, се предлага воведување посебен режим за финанисиско работење во однос на располагање со добивката, како и обезбедување и располагање со задолжителната резерва на друштвото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осомничената за убиството на Тот ги запрепаситила полицајците, по апсењето цело време се смеела и не покажувала каење, објави „Јутарњи лист“

Редакција

Тито Беличанец продаде 4.000 акции од „Тетекс“ за 146.000 евра

Редакција

Детален преглед: Во кои хотели работниците со ниски приходи може да ги искористат ваучерите за домашен туризам

Редакција