еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Фирма од Швајцарија ја купува македонската фирма “Гринтех мк“

Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека примила известување за концентрација со која Поли рецуцлинг АГ Швајцарија стекнува директна контрола над друштвото за трговија, производство и услуги Гринтех мк со седиште во скопски Карпош, преку стекнување на 70% удел во основната главнина.

Поли Рецуцлинг АГ (Poly Recycling AG) работи во дејностите на преработка на отпад (рециклирање на отпад и не е присутна на македонскиот пазар.

Гринтех исто така работи во дејностите на собирање и третман на отпад.

Предложената трансакција се однесува на пазарот на собирање и третман на отпадна пластична амбалажа.

-Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана, велат од Комисијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL) во посета на „Алкалоид“

Редакција

(Галерија) Кои се најдобрите лаунџ и мезе барови во Скопје

Редакција

Убава вест: Оздравени 2.003 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција