Од Европската комисија, чија претседателка Урсула фон дер Лајен, денеска во Скопје ќе не убедува нас и пратениците да го прифатиме т.н. француски предлог, со еден твит покажаа што мислат за македонскиот идентитет.
Демек по грешка од таму на Твитер прво најавија дека Фон дер Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот“ претседател Стево Пендаровски и дека ќе се обрати во „севереномакедонскиот“ Парламент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По некое време, го избришаа твитот, па напишаа дека таа ќе се сретне со претседателот на С Македонија, не македонскиот и дека ќе се обрати во Парламентот на С Македонија, не македонскиот.
Што е проблемот да напишат македонски? На англиски јазик тоа е едноставно да се напише, неможат да се вадат на финти на некои земји, во кои демек граматички е невозможно да се каже македонски, ама може “северномакедонски“.
Не постои „северномакедонски“ претседател, како и што не постои „северномакедонски јазик“, како што ни го прекрстија јазикот кога Португалија претседаваше со Европската Унија пред неколку месеци.
Јасно ни е одамна како гледаат од ЕУ на нас, ама не за друго, го прекршуваат Договорот со Преспа, кој не натераа да го потпишеме и толку многу го фалеа, како што сега не тераат да прифатиме предлог кој е неприфатлив.
А и многу грешат. Францускиот претседател Емануел Макрон двапати едно подруго згреши периодов, во време кога македонскиот идентитет отворено е нападнат од нивна земја членка. Што не грешат со други земји?
Имајќи го во предвид досегашното македонско искуство со ЕУ, имаме право и те како да се сомневаме за нашиот македонски идентитет. Далеку од тоа дека оваа се грешки.
Така да, се ќе биде излишно што ќе каже денеска Фон дер Лајен, исто како кога нејзината сограѓанка Ангела Меркел дојде во Македонија да не убедува за Договорот од Преспа и која ни порача дека промената на името на државата ќе биде последно нешто ненормално што ќе се бара од нас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од мене и дедо ми и баба ми големо НЕ за „францускиот предлог“
Фото: Влада