еМагазин
Image default
Свет

Фон дер Лајен: Вакцинацијата во ЕУ почнува на 27 декември

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска потврди дека вакцинацијата против коронавирусот во Европската унија ќе почне на 27 декември.

– Вакцинацијата низ Европската унија ќе почне на 27, 28 и 29 декември. Ова е моментот на Европа. Заедно ги штитиме нашите граѓани. Заедно сме посилни, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Повеќе европски земји, вклучително и Германија, Франција и Италија, претходно соопштија дека ќе го координираат почетокот на нивните кампањи за вакцинација против коронавирусот.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан денеска изјави дека сите земји-членки на ЕУ планираат да почнат вакцинација против коронавирусот на 27 декември.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италија ги затвори границите за 13 држави меѓу кои и Македонија

Редакција

На 95-годишна возраст почина легендарниот писател Милан Кундера

Редакција

Колку е всушност успешен шведскиот модел за справување со коронавирусот?

Редакција