еМагазин
Image default
Бизнис

Фонд за иновации: Не вршиме дискриминација на фирмите, се оценуваат според квалитет

Фондот за иновации и технолошки развој тврди дека процедурата по која е спроведен првиот јавен повик од Столб 3 на Планот за економски раст на Владата на РМ е целосно транспарентна.

– Ги поздравуваме сите повици да се испита работата на Фондот и ги повикуваме сите надлежни органи да го сторат тоа неодложно. Како и досега остануваме целосно транспарентни и отворени за одговор на сите прашања и дилеми кои се поставуваат во јавноста – се вели во соопштението на Фондот.

Во него се додава дека на првиот јавен повик од Третиот столб се јавиле 236 компании од земјата, а 80 од нив кои ги исполниле критериумите ги добиле бараните средства во првиот инвестициски бран. Исто толку компании ќе добијат средства во рамките на вториот инвестициски бран од Првиот повик.

– Би сакале да потенцираме дека Фондот ни досега, ниту во иднина, вршел или ќе врши дискриминација на компаниите по било која основа. Компаниите се оценуваат единствено според квалитетот на понудените проекти и придобивките од нив. Истовремено Фондот нема мандат, ниту обврска да врши анализа на сопственичкиот капитал на компаниите кои аплицираат, ниту да врши проценка на нивната политичка подобност – се истакнува во соопштението.

Од Фондот за иновации посочуваат дека критериумите кои компаниите треба да ги исполнуваат за да може да аплицираат, документација која треба да биде доставена, какви активности и трошоци се подобни за ко-финансирање, критериумите за оценување на проектна апликација како и начинот на пред-селекција и евалуација и роковите поврзани со тоа се јасно наведени и објавени во Јавниот повик и правилниците. (http://www.fitr.mk/portfolio-item/stolb3/ )

Пред-селекцијата за првиот повик ја спровеле 80 надворешни лица, експерти од 22 области, кои преку Јавен повик ги ангажирал Фондот.

– Апликациите кои во просек добија најмалку 51 поен поминаа во фазата на селекција. Финалната селекција ја прави Комитет за одобрување на инвестиции на Фондот кој е составен од петмина странски експерти со минимум десетгодишно меѓународно искуство во областа на инвестициите и иновациската дејност – појаснуваат од Фондот за иновации.

Оттаму додаваат и дека избраните компании биле јавно објавени на интернет – страницата на ФИТР со информации за износот на доделените средства, влогот на компанијата и според кој инструмент (технолошки развој или иновативност) се финансирани и истакнуваат дека стојат на располагање за сите дополнителни информации.

Соопштението на Фондот следува откако во јавноста имаше реакции бидејќи добитници на државна помош се компании чии што косопственици се вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

ВМРО-ДПМНE: Тоа што Анѓушев побара неговите партнери да се откажат од грантот, нема да го амнестира од одговорност

Анѓушев побара косопствениците на неговите фирми да ги повлечат апликациите за мерките од Планот за економски раст

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Анѓушев ја претвораат државата во сопствена фирма

Компаниите на Анѓушев и Локвенец земаа пари од државата: Законски никој не ги спречува, но дали е етички?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Централна кооперативна банка оствари добивка од 13,9 милиони денари за девет месеци

Редакција

Скопски Бетон лани работел со намалена добивка

Редакција

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничувањето на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

Редакција