еМагазин
Image default
Бизнис

Бремените жени се ослободуваат од работа со физичко присуство, до завршувањето на пандемијата

Владата потсетува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со Ковид-19, прогласена од Светската здравствена организација.

„Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година.

Оваа информација ја објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020 година.

Владината одлука е донесена на седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 03.11.2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести,“ се вели во соопштението на Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 385 бремени жени заболеле од Ковид-19, починале 7

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ЗК Пелагонија“ во загуба од 5,8 милиони денари

Редакција

Капитал Ассет Менаџмент – ново друштво за инвестиционо советување и управување со индивидуално портфолио на хартии од вредност

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на тетовската Клиника за набавка на масло за греење вреден 193.000 евра

Редакција