еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Им ги краделе автомобилите пред очи: Четири лица преку измама се стекнале со имотна корист од над 5 милиони денари

Со вршење кривично дело лицата Р.А.(27) М.А.(18), К.К.(29) и Н.А.(29) се стекнале со противправна имотна корист од околу 5.472.790 денари, информираат од МВР.

„Пријавените, кривичните дела ги извршиле на идентичен начин на 01.11.2019, 09.01.2020, 11.08.2020, 06.10.2020, 21.10.2020, 26.10.2020, 11.11.2020, 27.11.2020 и 30.11.2020 и тоа откако претходно ќе забележале објавен оглас за продажба на поскапи моторни возила, се јавувале на објавениот телефонски број од огласот и во контакт со оштетените се договарале да се сретнат на претходно одреден нотар, поради купопродажба на возилото.

По остварената средба кај нотарот, лицата се договарале со оштетниот во договорот да се наведе сума на пари која нема да ја надмине законската регулатива за плаќање во готово, додека останатиот дел од сумата ќе бидат исплатени на рака.

По потпишување на договорот, измамниците ги носеле оштетените на различни места со изговор дека ќе дојде трето лице кое ќе ги донесе останатите пари, но во даден момент, искористувајќи го невниманието на оштетените, им ги земале клучевите и заминувале со возилото кое било предмет на купопродажба“, стои во соопштението.

Како што известуваат од Министерството, Одделението за криминалистички работи во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднело кривична пријава против овие лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пролет среде зима: Од утре топло време, со температури над просекот за овој период

Редакција

„Ги отстранија сонцата од шахтите и одма се промени времето“: Твитер за таблите на спомениците на Александар Велики, Олимпија, Филип Втори…

Редакција

Скопје Север прекина да испорачува парно во Чаир и Бутел, одбива да потпише договор со ЕСМ

Редакција