еМагазин
Image default
Македонија

На ВМРО-НП не им смета спојувањето на историја со географија, проблем им е јогата

Во поглед на најновите реформи во македонското образование, ВМРО-Народна партија смета дека непотребно се создава атмосфера на паника дека училишниот предмет – историја ќе бил укинат, велат од партијата.

„Од самиот концепт се гледа дека историјата како предмет останува и се поврзува со географијата, впрочем во најголем дел од Европа така функционира образовниот систем, а тој концепт не ја изостава ниту Македонија овобено во приватните училишта каде обично таа комбинација се нарекува “Social Studies” или општествени науки.

Истовремено ВМРО-Народна партија реагира за предлог – предметот „Јога“ кој би се вовел во македонскиот образовен систем и укажува на моментот дека јогата како предмет не е само физичко вежбање, туку пред се јогата има сопствено религиозно значење во кое поединецот се поврзува со хиндуистичките божества.

ВМРО-Народна партија смета дека со ваквиот предлог може да се напушти секуларизмот во македонското образование, а и да доведе до повреда на религиските чувства на двете најголеми религиозни заедници во Македонија, христијанската и исламската“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавената реформа во образованието однапред осудена на пропаст, велат од Институтот за социологија и Здружението на социолози

Детали за тоа како ќе изгледа реформираното основно образование

Фото: ВМРО-НП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски осуден на 1,5 година затвор, Јанакиески на 1 година условно за „Насилство во Центар“

Редакција

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ негативен на корона вирусот, останува во изолација

Редакција

Продолжуваат судењата за „Топлик“, „Триста“ и „Титаник 3“ на СЈО

Редакција