еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски осуден на 1,5 година затвор, Јанакиески на 1 година условно за „Насилство во Центар“

Поранешниот премиер Никола Груевски доби казна затвор од една и пол година, а ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби условна казна од една година за поттикнување на насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година во судскиот случај познат како „Насилство во Центар“.

Како извршители на насилства пред Општина Центар на 7 и 10 јули 2013 година, судијата Душко Јосифоски ги прогласи за виновни и им одреди условни казни од девет месеци на Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Трајче Петковски, која нема да се изврши ако во рок од 3 години не сторат ново кривично дело.

Обвинетите Даниел Трифуновски и Игор Бошковски добија условна казна затвор од 6 месеци која нема да се изврши ако во рок од две години не сторат ново кривично дело.

Сите обвинети се задолжуваат солидарно да надоместат штета на Општина Центар во висина од 27 илјади денари.

Обвинителството на минатото рочиште се откажа од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски.

Претходно за случајот вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни, додека за седмообвинетиот Димче Крстев се води одвоена постапка.

Судијата на почетокот посочи дека, предметот му е доделен во јануари 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Завршница за „Насилство во Центар“: Ќе „лежи“ ли затвор ексминистерот Миле Јанакиески?

Случај „Насилство во Центар“: Одбраната бара ослободување на Миле Јанакиески

МИА/Фото:Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Родителите можат да поднесат електронско барање за упис на новороденче

Редакција

Работници неможат да стигнат на работа: Сообраќаен метеж низ Скопје, приватните автобуси не возат, во тек реконструкции на неколку сообраќајници

Редакција

(Галерија) Кој дојде во Тиквеш кај Свето на младо вино

Редакција