еМагазин
Image default
Македонија

Случај „Насилство во Центар“: Одбраната бара ослободување на Миле Јанакиески

Да се ослободи од обвинението Миле Јанакиески за случајот „Насилство во Центар“, побара неговиот адвокат Димитар Дангов на денешното рочиште каде одбраната ги изнесува завршните зборови.

Според него, во обвинителниот акт нема ниту еден доказ за тоа дека Јанакиески сторил некакво кривично дело.

Тој рече дека Обвинителството со ниту еден свој чекор и постапка не докажало вина.

Дангов потенцира дека иако судот не прифатил да го сослуша владиката Агатангел, неговата изјава дадена за медиумите била да не се урива црквата.

„Дали повикот на Агатангел требаше да содржи молби за одење во црква и со палење свеќи да се очекува да не се промени Деталниот урбанистички план со кој треба да се урне црквата во Центар“, рече во својот завршен збор адвокатот Дангов.

За овој случај се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, Александар Трајковски и уште неколку други лица.

Според обвинението, тие се товарат за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кривичниот суд завршни зборови за „Насилство во Центар“

Адвокатите на Миле Јанакиески бараат присуство на медиумите и невладини организации на завршните рочишта за „Насилство во Центар“

МИА/Фото: Јанакиески/Фејбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Маџар-Телеком“ одложено поради отсуство на судијката Давиткова

Редакција

Апасиев: Алтернатива, Алијанса и Беса имаат историска шанса да го стават ДУИ во опозиција

Редакција

Груевски бара доказ од Мицкоски дека е во комуникација со Владата и дека го дели ВМРО-ДПМНЕ

Редакција