еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Parklend Hospitality Group одбележа 4 години од своето постоење

Вчеравечер во Ресторанот Four, во присуство на многубројни гости, пријатели и соработници, Паркленд ја одбележи четвртата година од своето постоење. На големо задоволство на присутните, со свој соло перформанс во живо настапи светски познатиот виртуоз Влатко Стефановски, продолжувајќи во текот на вечерта со музика во живо со Леана Таќи и пијано и саксофон дуото Никола и Гордан.

Поминаа четири неверојатни години Парк Хотел и Спа, една година од отварањето на Next door park хотел, заедно со рестораните Four, Brick eat, Fitness & Spa Park центарот и Кетеринг услугите, под капата на Parkland Hospitality Group, како едно семејство.

Семејство кое од година во година созрева и станува се поголемо, благодарејќи на тимската работа, визија која ја дели целиот тим и успешното чекорење низ сите искушенија и предизвици.

„Паркленд семејството никогаш не престана да чекори напред. Сите поминуваме низ сосема различни околности и нова нормалност периодов, и приватно и професионално, но се додека го користиме овој и секој нареден предизвик како нова можност за напредок и созревавање, успехот е неминовен.

Кога велам успех мислам на сите наши вработени, нивната пасија и посветеност и во добри и во тешки мигови, на сите наши клиенти, гости и партнери кои беа со нас и ни ја доверија лојалноста. Голема благодарност за сите. Одиме понатаму,“ рече во своето обраќање генералниот менаџер на Паркленд, Панајотис Колокатис.

Паркленд Хоспиталити Груп во изминатиов период интензивно работеше на имплементирање на сите безбедносни протоколи според светски стандарди, со цел на своите клиенти да им овозможи како и досега, максимална сигурност, безбедност и поддршка за сите нивни потреби.

Сите аутлети работат непречено како и досега, со многу новитети во работењето, пред се зајакнати механизми и платформи за подобра контрола на работењето, согласно пропишаните стандарди. Паркленд и во иднина останува синоним за пионерство во хотелиерството и угостителството, одејќи во чекор со потребите и побарувачките на гостите.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Абрамович го тужи Советот на ЕУ поради санкциите

Редакција

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони склучи договор со “Стентон градба“ вреден 2,4 милиони евра

Редакција

Блокади низ Скопје: Ускратено е основното човеково право – слобода на движење

Силвана Жежова