еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) 200 јуниори на Sport Life се забавуваа и прошетаа во ЗОО паркот во Скопје

За околу 200 деца и исто толку родители, во организација на Sport Life, се одржа едукативна и забавна програма во ЗОО паркот во Скопје – Sport Life Јуниор ден, информираат од таму.

Со водич од зоолошката градина, децата на вработените во Sport Life обложувалници, имаа можност да се запознаат и да научат интересни работи за животните од целиот свет.

Покрај прошетката низ зоолошката градина и едукативниот дел, децата и родителите имаа можност да се забавуваат со многу артисти, жонглери и пантомимичари, а најмалите дечиња од 2-3 годишна возраст, се возеа со вовче низ зоолошката градина.

Воедно, не изостанаа ниту подароците како капи и ранчиња за децата и бесплатни пијалаци во кафетеријата, кадешто повеќечасовниот настан заврши со заедничка дружба на родителите.

„Убавото време и крајот на школската година беа само дополнителен поттик за заедничкото дружење и за незаборавни моменти со нашите најмлади. Видовме среќни и насмеани дечиња, а видливо беше и задоволството на родителите од успешната организација на целиот настан, истакнуваат од Sport Life.

Атмосферата беше забележана и преку кратко видео кое може да го видите тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија избрана за златна дестинација за патување од страна на холандските туристи

Редакција

Новогодишни пакетчиња од ОКТА за децата од соседните основни училишта

Редакција

Асоцијација на архитекти: Училиштето „Киро Глигоров“ е доказ дека само со организирање на јавен архитектонски конкурс може да се добие квалитетна архитектура

Редакција