еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Месната индустрија бара да продолжи ослободувањето од царина на свинското месо, во спротивно следат повисоки цени

Групацијата на месопреработувачи и месни индустрии преку Стопанската комора (СКСМ), бара продолжување на мерката за ослободување од царина за замрзнато свинско месо наменето за преработка.

Претставници на Групацијата денеска јавно побараа средба со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, за да ги образложат барања за продолжување на оваа мерка.

– Во спротивно на краток рок (2 до 3 недели во зависност од тековните залихи) прво
следи нов ценовен шок од 20 до 30 отсто зголемувања на цените на месните преработки од свинско месо, второ намалување на бројот на вработени за исто така 20 до 30 отсто, а на подолг рок, зголемување на увозот и престанок со работа на некои од месопреработувачките капацитети, изјавија од Стопанската комора.

Од таму истакнаа дека тие не бараат помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување.

Според нив, месната индустрија во изминатите четири години докажа дека не го нарушува и воопшто не го намали развојот на домашното фармерско производство, додека се применува мерката.

– Домашното производство расте, што е видливо од податоци од Агенцијата за храна и ветеринарство и платежната Агенција за субвенции во земјоделство, го намали увозот на готови производи и започна со извоз, го зголеми обемот на работење, бројот на вработени и висината на личните доходи во гранката, велат од СКСМ и посочија дека овие мерки не направија позначајни фискални импликации кон државата.

Меѓу другото од Комората истакнаа дека годишно преку редовна уплата на придонесите од вработување се придонесува директно со повеќе од 4,5 милиони евра во буџетот.

– Оваа индустрија со важечките царински давачки е ставена во нерамноправна положба со странските производители, пред се оние од соседството, но и од ЕУ. Готовите производи од надвор влегуваат во земјата со 0% царина, а ние, домашните преработувачи, при увоз на суровина плаќаме царина во висина од 20 до 35%. Ова уште повеќе ќе биде нагласено со функционирањето на Отворен Балкан, велат од Стопанската комора.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Адора Инженеринг“ повторно ја зголеми сопственоста во Комерцијална банка

Редакција

Нови 214 на Ковид-19 од 2.133 тестови, 33 се реинфекциии

Редакција

Потврдена смртта на убиецот на двајцата Швеѓани во Брисел

Редакција