еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Потврдена смртта на убиецот на двајцата Швеѓани во Брисел

Осомничениот извршител на синоќешното убиство на двајца шведски фудбалски навивачи во Брисел, почина денеска откако беше застрелан од полицијата во кафуле, потврдија белгиските власти.

– Сторителот на терористичкиот напад во Брисел е идентификуван и почина, објави белгиската министерката за внатрешни работи Анелис Верлинден на платформата Икс (X).

Претходно, како што јави дописникот на МИА од Брисел, државната телевизија РТБФ објави дека белгиската полиција го застрелала и убила 45-годишен Тунижанец, Абдесалем Ал Гуилани, кој беше осомничен за синоќешното убиство на двајцата шведски државјани.

Според телевизијата, извршителот на нападот бил прогласен за мртов утрово во 9:38 часот, откако со прострелни рани бил пренесен в болница.

Ал Гуилани бил застрелан во кафуле во бриселската населбата Скарбек при полициска акција за негово апсење, која започна синоќа откако тој уби двајца шведски државјани и рани трет.

Верлинден, претходно, соопшти дека мажот осомничен за синоќешното убиство на двајцата шведски државјани во Брисел е застрелан од полицијата и е пронајдено автоматското оружје со кое е извршен нападот.

Според белгискиот министер за правда Винсент Ван Квикенборн, Ал Гуилани илегално престојувал во земјата, откако во ноември 2019 година властите го одбил неговото барање за азил. Тој на полицијата и бил познат за поврзаност со шверц на луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Во терористички напад во Брисел убиени двајца Швеѓани, убиецот во бегство

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Едусофт“ го доби тендерот на МИОА за модернизација на системот на електронско управување со документи „тежок“ 820.000 евра

Редакција

Топ пет професии со најниски плати

Редакција

Твитер во „црвено“ по пресудата за Мијалков: „Што викаат, Саше во Мериот ќе лежи?“

Редакција