Среќен почеток на новата учебна година во училиштата во Радовиш, им посака генералниот директор на Адора инженеринг, проф.д-р Ванчо Чифлиганец и извршната директорка, д-р Драгана Д. Чифлиганец, со донација на нови компјутери.
„Во вакви тешки времиња на пандемија Ковид-19, Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, одлучија со донација на 12 нови персонални компјутери и 6 iPad (ајпади) на неколку училишта во Радовиш да им помогнат на наставниците и учениците непречено да ја реализираат и следат on-line наставата.
Оваа година е тешка за сите, се соочуваме со големи предизвици и затоа треба, секој според можностите, да го поддржиме образовниот процес, бидејќи после здравството, образованието е најважната алка во општеството, тоа се нашите идни генерации”, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, при предавањето на донацијата во присуство на директорите на училиштата.
Тие изразија огромна благодарност и порачаа дека оваа иницијатива на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец” ќе биде пример кој ќе го следат и други компании, организации и поединци.