еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Општина Аеродром се вклучува во општествено одговорната кампањата на „Макпетрол“

Осумте основни училишта во Општина Аеродром ќе бидат дел од општествено одговорната и едукативна кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“.

Учениците, но и родителите, ќе добијат едукативен материјал преку којшто ќе можат подобро да се запознаат со проблемот со булингот и неговите различни форми, а во секое од училиштата ќе се одржи и работилница на темата. За успешна реализација на овие активности „Макпетрол“ и Општина Аеродром денес потпишаа меморандум за соработка.

– Врсничкото насилство е проблем од огромни размери што може да предизвика последици за сегашните, но особено, за идните генерации. Се работи за феномен којшто бара опсежен пристап, односно за чие што решавање е пресудно да се користат знаењата и искуствата на психотерапевтите кои што директно работат со случаи на булинг, без разлика дали се во прашање извршители или жртви.

Стручните лица се тие што можат да придонесат во изнаоѓање долгорочни решенија, тие имаат капацитет да обезбедат помош што би била од суштинско значење за сите што се соочиле со врсничкото насилство. Целта на нашата кампања, како и на активностите што се дел од неа, како работилниците, е да ги пренесе ваквите знаења и искуства и тие да им дадат поддршка на тие на кои што им е најпотребна, вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“.

Ученици, наставници, како и претставници на стручните служби ќе учествуваат во работилници преку кои што ќе се споделат знаења и искуства кои што би можеле да ја подобрат ситуацијата и да придонесат во решавање на проблемот со врсничкото насилство. Работилниците ќе се одржат во „Лазо Ангеловски“, „Љубен Лапе“, „Александар Македонски“, „Блаже Конески“, „Браќа Миладиновци“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Македонски“.

– Овој меморандум за соработка е од големо значење за Општина Аеродром бидејќи носи можност за вклучување на различни сектори во адресирање на овој проблем и покажува грижа за најмладите.

Драго ми е што кампањата е иницирана од приватна компанија која е посветена на општествената одговорност, но и која прави напори во своите активности да ги вклучи единиците на локалната самоуправа, училиштата и другите засегнати страни. Само со заеднички ангажман можеме да ги охрабриме и поттикнеме младите да бидат одговорни граѓаните, да промовираат емпатија, разбирање и поддршка, а училиштата да бидат место за дебата, а не насилство.

Овие кампањи се од огромно значење за едуцирање на младите луѓе, но и пошироката јавност за негативните ефекти кои врсничкото насилство ги има врз децата и младите луѓе и за жал и на општеството во целина – изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Дел од животот на децата во Македонија, уште од најрана возраст, се физичкото, вербалното, односно, психичкото, социјалното и сајбер-насилството. Ова секојдневие е потврдено од низа истражувања, а случаите за кои што јавноста вообичаено дознава преку медиумите, потврдуваат оти состојбата со проблемот е навистина сериозна.

Со цел да укаже на исклучителното значење на оваа тема, но и да понуди пат како постепено да се дојде до решение, „Макпетрол“ ја отпочна општествено одговорната и едукативна кампања „Крени глас против врсничкото насилство“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново од продукцијата на Телеком Србија: „Круна“ – музичка бајка која ни носи познати актерски имиња и целосно оригинален жанр

Редакција

(Видео) Едукација за Другаризација – во недела, 16.12.2018, совети за тоа како да се намали врсничкото насилство

Редакција

(Фото) Бројни политичари, бизнисмени, новинари… на прославата на 20. роденден на неделникот Капитал

Редакција