еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Бесплатен ручек за Божиќ и Бадник на градскиот плоштад во Кавадарци

Под мотото „Ајде да се собереме, никој не треба да биде сам за Божиќ“, Општина Кавадарци денеска организираше ручек на градскиот плоштад.

– Додека повеќето од нас ќе се соберат да го прослават Бадник и Божиќ, да се насмеат и да уживаат на празничната трпеза со семејството и своите најблиски, не смееме да заборавиме на оние кои се без семејство, без дом, без полна трпеза, не смееме да ги заборавиме оние кои се сами и осамени.

За овие луѓе Бадник и Божиќ можеби нема да биде најубавото време во годината, велат од локалната самоуправа.

Оттаму нагласуваат дека токму затоа, во пресрет на божиќните празници, Општина Кавадарци во соработка со неколку општествено одговорни компании, организираше ручек на градскиот плоштад од 9 до 14 часот.

-Целта е да допреме до овие луѓе и да им понудиме дружење и славење токму на овој голем христијански празник, кое веруваме ќе стане традиционално. Идејата е на еден од најдобрите готвачи, шеф Горан Филипов од ресторан „Моклиште“, кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од цела Македонија се потрудија да ја реализираат оваа идеја и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани, нагласуваат од Општината, набројувајќи ги и другите компании и субјекти кои се вклучиле во оваа акција.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска последен ден за продажба на запленетите акциите на Мијалков

Редакција

Чаир руши рекорди, 352 активни случаи на Ковид-19, Гази Баба 128, Аеродром 127

Редакција

НАТО повикува на смирување на тензиите околу Украина и нуди дијалог на Русија

Редакција