еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) „Брако“ со возилата „Грин Машинс“ од утре учествуваат на престижниот ИФАТ саем во Минхен

Во тек се последните подготовки пред утрешниот старт на саемското претставување на “Грин Машинс” на престижниот саем за еколошки напредни технологии, ИФАТ во Минхен, Германија, информираат од Брако.

На најиновативниот штанд, подготвен и дизајниран во согласност со мисијата и визијата на компанијата, ќе бидат претставениНајновите револуционерни решенија имплементирани во единствените “грин машинс” возила и машини за чистење надворешни површини со специфични и различни намени.

Посетителите на минхенскиот саем ќе може одблиску да се запознаат со карактеристиките на возила од брендот „Грин Машинс“ од линијата на електрични возила и на хидрогенски погон.

Посебно место ќе заземе GM955, кој што е највпечатлив поради неговиот капацитет од 6 кубни метри. GM955 го обединува најдоброто, затоа што механичкиот дел од системот овозможува собирање на отпад од секаков вид и најразлични димензии и при тоа механичкиот принцип за собирање отпад е комбиниран со вакуум.

Ќе се презентираат и возилото GM400ze, возило кое важи за најдобриот свипер во својата категорија.

Ќе биде претставена и новата верзија на GM500ze со поголем кабински простор, како и првото возило за одржување на хигиена на хидрогенски погон во светот, GM500H2. ИФАТ ќе биде можност и за претставување на прототипот на новото возило, целосно дизајнирано и произведено во фабриката во Велес, GM720.

Покрај ова, штандот на „Брако“ и „Грин Машинс“ го имаат со најиновативниот еко-штанд во Минхен, подготвен и дизајниран во согласност со мисијата и визијата на компанијата за заштита на животната средина преку имплементација на револуционерни технологии кои допринесуваат кон намалување на штетните емисии во воздухот и користење на обновливи извори на енергија.

На простор од 260 илјади метри квадратни со 18 хали и дополнителен надворешен простор за изложување, со демонстрација во живо, саемот ИФАТ е вистинското место на меѓународно вмрежување на професионалци од речиси 3.000 компании, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на американската СВБ нема директни ефекти, велат од Народна банка

Редакција

„Македонски телеком“ и „Оне.Вип“ во тесна трка на пазарот на мобилна телефонија

Редакција

ЕСМ ги објаснува новите сметки за струја

Редакција