еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Домаќинствата за 16,32% ја намалиле потрошувачката на струја во скапа тарифа откако се воведени блок тарифите

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Согласно податоците, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, 244 kWh изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 јули заклучно со 31 октомври во висока тарифа, што е за 16,32 проценти помалку во споредба со истиот период од минатата година кога просечната потрошувачка изнесувала 281 kWh.

– Реформата е успешна, блок тарифите даваат резултати и ја постигнуваат таргетираната цел за рационално користење на електрична енергија. Принципот кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку – има ефект и тоа го покажуваат анализите на просечната потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа каде се регистрира за 16,32 проценти заштеда во потрошувачката од како ги воведовме блок тарифите од 1 јули до 31 октомври, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ, се наведува во соопштението.

РКЕ од 1 јули воведе четири блок тарифи со цел да испрати сигнал за рационално користење на електричната енергија. Првиот блок е до 210 kWh, вториот е од 211-630 kWh, третиот е во опсег од 631-1050 kWh и четвртиот е над 1.050 kWh.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 139 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

ЈуТјуб го блокира пристапот до каналите со линкови до руските државни медиуми

Редакција

ГТЦ со намалена добивка

Редакција