еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кој лаже: Израел вели дека Хамас обезглавил и бебиња, милитантите демантираат

Социјалните мрежи очекувано се преплавени со дезинформации за војната која се води помеѓу Израел и милитантите на Хамас, а Твитер (Х) и Фејсбук од Европската Унија добија предупредување за бројните неточни информации кои се споделуваат на нивните канали, кои треба да ги избришат.

Во фокусот на светските медиуми е информацијата дека Хамас при нападот на Израел обезглавиле и масакрирале и израелски бебиња, која без никакви проверки, како и сите други информации кои пристигнуваат од Израел со леснотија за кликови завршуваат и во македонските медиуми.

За американската телевизија CCN, првично од израелската Влада тврдеа дека меѓу загинатите се најдени и обезглавени и масакрирани бебиња и деца.

После неколку часа истата телевизија објави дека официјални лица од израелската Влада изјавиле дека тие неможат да потврдат дека тоа се случило.

Информацијата први ја објавија медиумите во Израел.

Од друга страна пак од Хамас за турската агенција Анадолија категорично ги демантираат ваквите информации и подвлекуваат дека станува збор за фабрикувани информации кои ги пласираат западните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сателитски снимки покажуваат колку е уништена Газа по нападите од Израел

Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел

Која е Хамас, која го нападна Израел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конзуларните претставништва во Берн, Бон, Берлин и Минхен ќе работат во две смени

Редакција

Петмина го киднапирале од патарина и го тепале за да им препише сопственост врз „Масерати“

Редакција

(Галерија) Ресторан „Амбиент“, место кое вреди да се посети и да се ужива во амбиентот

Редакција