еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Конзуларните претставништва во Берн, Бон, Берлин и Минхен ќе работат во две смени

Поради зголемен број на барања за издавање на пасоши заради рокот до февруари да се сменат патните исправи, во конзуларните претставништва во Берн, Бон, Берлин и Минхен ќе биде воведено двосменско работење.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на средба со новинарите рече дека се размислува двосменско работење да биде воведено и во нашето претставништво во Лондон.

– Имаме голем прилив на барања за пасоши особено во одредени амбасади, пред се поради рокот до февруари 2024 година кога треба да се сменат пасошите. И затоа одлучивме да испратиме една група конзуларци од МНР, со цел да овозможиме двосменско работење во наредниот период, рече Османи.

Како ќе се појават потреби од другите градови, така ќе се пристапува кон воведување на двосменско работење.

Османи на прес-конференцијата информираше дека на седница на Влада е донесена одлука бегалците од Украина, кои се околу 471 на број, да можат да ги користат услугите на нашиот здравствен и образовен систем, како и на на нашите социјални установи.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Велешта физички нападнал медицинска сестра оти му рекла да ја изгаси цигарата

Редакција

„Да беше живо СЈО сеа требаше да отвори предмет: Откуп“: Твитер реакции за помошта од Владата за Арачиново

Редакција

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен транспорт на дрога во Охрид, пронајдени околу 100 килограми хашиш

Редакција