еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Ресторан „Амбиент“, место кое вреди да се посети и да се ужива во амбиентот

На патот Штип-Пробиштип, во селото Пишица се наоѓа ресторанот „Амбиент“, име што целосно одговара на местото каде што е изграден, како надворешно е уреден и што нуди за гостите.

Езерца со лебеди, фонтана, мини зоолошка градина, летниковци покрај езеро, лулашки за деца со ливада за играње, мовчиња кои ги поврзуваат двете езерца… местото е вистинско „освежување“ за тој крај од Македонија.

Гости има од секаде, а најмногу од градовите кои гравитираат околу него, Штип, Кочани, Пробиштип, Кратово…

Ресторанот нуди богат избор на храна, посебно разноврсно месо приготвено на различни начини, салати, македонски традиционални јадења, паста, лепчиња во фурна…

Она што е вредно за истакнување и што објектот е енергетски ефикасен, и сончевата енергија ја користи за производство на струја

Местото е идеално за сите, посебно за семејства со мали деца и е топла препорака, доколку сте во Источниот крај на Македонија, да го посетите.

Фото: eMagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој е автомобилот на годината во Македонија за 2023 година

Редакција

Едно лице побарало евакуација од Израел, апел до македонските државјани да се пријават во амбасадите

Редакција

По предлогот на Макрон, од Европската комисија тврдат дека процесот на проширување на ЕУ засега продолжува како порано

Редакција