еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

По предлогот на Макрон, од Европската комисија тврдат дека процесот на проширување на ЕУ засега продолжува како порано

Европската комисија не го коментира предлогот на Емануел Макрон за Европска политичка заедница додека не биде финализиран, процесот засега останува ист, јавува дописничката на МИА од Брисел.

По предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон во неговиот говор од Стразбур дека за да се интегрира побрзо Украина потребна е Европска политичка заедница, затоа што до полноправно членство Киев ќе треба да чека уште долги години, Европската комисија денеска порача дека не може да го коментира овој став додека не го види целосно формулиран.

-Слушнавме вчера, но тој самиот рече дека ќе го презентира предлогот со повеќе детали пред неговите колеги во Европскиот Совет, ќе чекаме да видиме што има на ум, но што се однесува до нас имаме европски процес на зачленување, кој е во тек со одреден број земји и ништо не се менува што се однесува до овие процеси, изјави Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија.

Тој истакна дека апликацијата на Украина пристигнала до службите во Комисијата и целта е до крајот на јуни оваа институција да објави мислење за кандидатскиот статус на Киев во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европска политичка заедница за тие што не се спремни за прием во ЕУ, предлага Макрон

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Групацијата Хеленик Петролеум се ребрендира во Helleniq Energy

Редакција

Владата препорачува еден член од семејството да купува намирници и лекови од маркетите и аптеките

Редакција

И Вие можете да им помогнете на настраданите од поплавите во Словенија, еве како

Редакција