еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(ФОТО) Филипче: „Брза партија фудбал, секогаш е добра идеја“

Министерот за здравство Венко Филипче вчера беше во посета на Битола, каде што, за првпат после 70 години се реализираше комплетна обнова на внатрешните простории во Здравствениот дом „Хаим Абраванел“ во Битола.

Овој проект опфаќа комплетна обнова на внатрешните простории, ходниците, работните простории, педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија и делот кадешто се чуваат вакцините од редовниот календар.

Во пауза од средбата со директорката Весна Спиркоска,  целокупниот медицински персонал и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, Филипче се придружи на играта со топка на дете кое го сретна пред хотел „Капри“.

„Брза партија фудбал, секогаш е добра идеја“, напиша Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утрово бојадисани првите велигденска јајца: Каква е симболиката на црвената боја

Редакција

Пановски за „еМагaзин“: Идеално и најоптимистичко сценарио за „омикрон“ е да се шири брзо и да не дава смртен исход-сите други сценарија се загрижувачки, но и поверојатни

Силвана Жежова

До петок стабилно и потопло време, дожд и заладување од сабота

Редакција