еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Груби се ревакцинираше против Ковид-19

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19.

Како што соопшти Кабинетот на Груби, по вакцинирањето во просториите на поликлиниката Чаир, која служи и како ковид-центар, Груби уште еднаш апелираше до сите граѓани да се пријават за вакцинација на веб-страницата на Министерството за здравство – vakcinacija.mk, бидејќи, како што се наведува, само на овој начин ќе се постигне имунизација на целото наше население и во исто време ќе го поразиме овој вирус.

-Само што ја примив втората доза на анти ковид вакцината, се чувствувам добро и сакам да апелирам до сите граѓани на нашата земја да се пријават на порталот на Министерството за здравство, vakcinacija.mk со цел да си закажат термин и да бидат вакцинирани.

Само вакцинацијата ни овозможува да се вратиме во нашиот вообичаен живот, затоа ве замолувам сите да бидете дел од придобивките на колективниот имунитет и враќањето во нормала, изјави Груби.

Фото: Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР ќе плаќа германски експерти за да ни помогнат во решавањето на отворените прашања со Бугарија

Редакција

Во понеделник на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за опасноста од делта сојот на Ковид-19

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 419 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција