еМагазин
Image default
Македонија

Пациентите почнаа да ги почитуваат термините за вакцинација во штипскиот пункт

Пред вакциналниот пункт во Штип денеска е мирно, без турканици, за разлика од саботата кога пациентите не ги почитуваа термините и доаѓаа неколку часа порано, за да ја примат втората доза на кинеската „Синофрам“.

Претпладнево редарите и претставниците на полицијата и на АРМ не воспоставуваа ред.

Лекарот на вакциналниот пункт во салата „Јордан Мијалков“ – Штип, Иле Постолов вели дека без проблеми се одвива ревакцинацијата.

„Денеска имаме 1.500 пациенти за втора доза на „Синофарм“, а исто така и 100 пациенти кои ќе ја примат првата вакцина на „Фајзер“. Пациентите се закажани за вакцинирање преку „Мој термин“ и исклучиво тие пациенти ги вакцинираме,“ вели Постолов.

Забележува дека денеска работата на здравствените работници на пунктот е олеснета поради почитување на термините од страна на пациентите.

Во штипската модуларна болница има хоспитализирано вкупно 14 пациенти, од кои седум се на постојана кислородна поддршка. Битката со коронавирусот ја загуби 64 годишен пациент од Штип.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Монструм“ одложено поради отсуство на судијата Ставрев

Редакција

Османи: Ќе кажеме наш став за францускиот предлог кога ќе дојде време за тоа

Редакција

Тони Коњановски e новиот градоначалник на Битола, Христо Кондовски го призна поразот

Редакција