еМагазин
Image default
Македонија

Во Охрид опаѓа бројот заразени и хоспитализирани лица со Ковид-19

Седмичниот биланс, кога е во прашање епидемијата на Ковид-19 во Охрид, укажува на стивнување на заразата, за што говори податокот дека во текот на изминатите седум дена во градот се регистрирани седум новозаболени, што е далеку помалку од изминатиот период.

За истиот период нема ниту еден смртен случај, а како оздравени се забележани 140 лица. Во моментов во Охрид има 53 активни случаи на Ковид-19.

Оптимистички делува фактот што се намалува и бројот тешки клинични случаи, но здравствените работници остануваат категорични дека не треба да избрзано да се опушта населението, односно да се придржува на препораките на Комисијата за заразни болести, независно најавите за олабавување на рестриктивните мерки.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Таргет Тврдина“ продолжува на 13 септември: Мијалков и другите обвинети се изјаснија за невини

Редакција

Од Ковид-19 починаа девет лица најмладиот на 40-годишна возраст, дополнително пријавени уште четворица

Редакција

Горан Милевски реизбран за лидер на ЛДП, порача дека нема да го подржи предлог законот за амнестија

Редакција