еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од утре без маски на отворено, свадби до 100 гости, но полицискиот час продолжува до 15 јуни

Главниот координативен Ковид-19 кризен штаб на Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од утре, 1 јуни 2021.

Владината прес-служба соопшти дека Штабот на денешниот состанок ги разгледал и потврдил препораките на Комисијата и ги предлага на конечно усвојување на утрешната Владина седница.

Препораките што се предложени да важат од утре, се прифатени од Главниот кризен штаб по исцрпна дискусија и имајќи ја предвид поволната епидемиолошка состојба со Ковид-19 во државата сега, која се карактеризира со намалување на 14-дневна инциденца (бројот на новонастанати случаи) на позитивни случаи, намалување на позитивни тестови за Ковид-19 во однос на вкупен број тестирани лица, намалување на бројот на активни случаи и бројот на хоспитализации.

За олабавување на сегашните рестриктивни мерки, предложени се седум препораки:

– Укинување на мерката носење заштитна маска на отворено со препорака за носење маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носење заштитна маска во јавен превоз, такси-превоз и во сите затворени простори.

– Да се дозволи присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 проценти од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување растојание помеѓу посетителите од 1,5- до 2 метра (три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од Ковид-19.

– Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од четири лица.

– Да се дозволи организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу нив. Присуство на музичари е дозволено само при организирање свадби, а согласно соодветен протокол.

– Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од четири лица на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата на масата.

– Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина (член 3 т. 14 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена „Сл.В.РСМ“ бр.263/20).

– Продолжува да важи мерката за полициски час до 15 јуни 2021 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријавила само два кредити и кредитна картичка: Каков имот има заменик министерката Славјанка Петровска

Редакција

(Видео) Николоски го покажа фамозното УСБ и тврди дека Груевски преговара со власта околу година ипол

Редакција

Отворена истрага за поранешниот градоначалник Стојчев и другите осомничени во полициската акција „Чибук“

Редакција