еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Николоски го покажа фамозното УСБ и тврди дека Груевски преговара со власта околу година ипол

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за 360 степени на МТВ 1 изјави дека тајните преговори на поранешниот премиер и лидер на партијата, Никола Груевски, кој избега во Унгарија, со актуелната власт траат околу година и половина, а добиле на интензитет од февруари годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски тврди дека најмалку една година немал контакт со ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Според него, комуникацијата со него ја поттикнале, пред сè, од ДУИ, а потоа и СДСМ. Првично, според Николоски, планот бил да се привлечат пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои би гласале за уставните измени.

Откако таа варијанта не успеала, акцијата се одвива со цел да се ослабне резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, вели тој.

Според Николоски, сите биле свесни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои најмногу пратеници на изборите, но дека се прави обид резултатот да биде таков за да не може сама да прави влада. Во такво сценарио, според Николоски, тие би биле уценувани – дали за уставни измени, дали за ДУИ да продолжеле да владеат како досега или за нешто друго.

Тој во интервјуто сподели и материјали за кои тврди дека се дел од тајна комуникација меѓу Груевски, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и уште едно лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски нека докаже пред Господ, пред Алах, пред државата дека имам некакво УСБ, вели Џафери

Тој покажа и УСБ, за кое тврди дека е тоа што деновиве го спомнуваше лидерот на неговата партија, Христијан Мицкоски, а сподели и три испечатени страници А4-формат за кои вели дека се содржината од УСБ-то.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски тврди дека на УСБ има материјали за „оската ДУИ, СДСМ и Груевски“

Во нив меѓудругото, пишува дека носењето на измените на Кривичниот законик ќе ја релаксирало напнатоста во општеството како резултат на политичкиот прогон, како образложение зошто се предлага намалување на казните. Клучно, според Николоски, е тоа што предложените измени во документот од три страници од УСБ-то кореспондираат со она што го предложи Владата, а експресно ги усвои Собранието.

Фото/видео: 360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како ли ви текна: Очајна мерка е да се субвенционираат плати за да си одат административци

Редакција

(Фото) Османи и Милков го посетија Пендиков во болница

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ не повика на бојкот: Се тресеше гората, се роди глушец

Редакција