еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ не повика на бојкот: Се тресеше гората, се роди глушец

ВМРО-ДПМНЕ по консултациите со граѓаните и по одржаните состаноци на Централниот и Извршниот комитет, донесе одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување, изјави синоќа партискиот лидер Христијан Мицкоски со што ги урна очекувањата на дел од партиското членство кое се залага за бојкот на референдумот.

Во една демократија за очекување е граѓаните да постапат по сопствено убедување така што Мицкоски не кажа ништо ново.

Попуст беше неговиот обид со критики кон Владата на премиерот Зоран Заев и кон договорот со Грција да ја филува синоќешната изјава кога ВМРО-ДПМНЕ не повика бојкот на референдумот.

Критиките се нормална работа во секојдневната политика и многу поважно и рака на срце поодговорно од партијата е што не повика на отворен бојкот со што ВМРО-ДПМНЕ покажа чувство за државност во моменти кои можат да имаат историско значење за нашата земја.

Колку и да не ни се допаѓа прашањето, не треба да се заборави дека референдумот претставува врвен облик на непосредна демократија и дека сосем е легитимен обидот да се реши долгогодишниот спор, а најбитно од се е што се дава шанса граѓаните да го кажат своето мислење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кои граѓани ќе добијат финансиска поддршка од Владата во износ од 3.000 денари

Редакција

Во Македонија досега не е регистриран новиот сој на коронавирусот „кракен“, кој се шири низ светот

Редакција

До брзи кредити само со лично присуство, за да се спречи пракасата на злоупотреба на лични документи

Редакција