еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Идеалите на безвременскиот визионер Гоце Делчев се патоказ за политиките на Владата, порача Ковачевски

Со високи државни почести, мирно и достоинствено, како што доликува на големиот, светски визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев, оддадовме почит денеска, пред неговото вечно почивалиште, во чест на неговото раѓање пред 151 година, на денешниот датум, 4-ти февруари, информираше премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

„Идеалите на безвременскиот визионер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, се разбран аманет и патоказ за политиките на Владата, поставени на дијалогот и на почитувањето, како врвни културолошки и цивилизациски придобивки.

Пораките на Делчев за единство и сплотеност, кога станува збор за националните интереси и за државните стратешки цели се подеднакво актуелни и денес и се света обврска за секого, додека ја градиме Македонија во Едно општество за сите граѓани и ја интегрираме, по најголемиот безбедносен сојуз, НАТО, што е веќе реалност и како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, во семејството на европски народи и држави,“ вели Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пцуење на македонските полицајци и навреди за Македонија и Македонците: Бугарите стигнаа на Деве Баир

(Видео) Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Мицкоски со група граѓани се упати кон Свети Спас

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се вакцинираше и министерот Бектеши

Редакција

Момче исчезна на плажата Милос на Лефкада

Редакција

УЈП: До 15-јануари регистрација и отповикување за ДДВ

Редакција