еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Илија Гечев, единствен милијардер од Македонија на листата на српскиот магазин „Недељник“

Српскиот магазин „Недељник“ ексклузивно објави листа на 100-те најбогати луѓе во регионот.

Според неделникот, Илија Гечев, сопственикот на „ИГМ трејд“ од Кавадарци е единствениот милјардер од Македонија, кој се најде на 18. место на листата, со проценето богатство од 1.054.946.440 евра.

Како што објаснуваат од неделникот листата не покажува колку пари имаат бизнисмените, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат ако ги продадат денеска.

На истата доминираат бизнисмени од Хрватска и Србија, а оваа се петте најбогати:

„Недељник“ ја направил листата во соработка со две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза и водечки регионални медиуми, а онлајн ги објави првите дваесет најбогати.

Интересно е дека македонскиот медиум со кој соработувал неделникот при правањето листа, сакал да остане анонимен.

Целата листа, на која најверојатно има и други бизнисмени од Македонија ја објави во печатеното издание.

Фото: Телма/Илистрација: „Недељник“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 333 случаи на Ковид-19 од 2.440 тестирања

Редакција

Ќерка му на Џафери која ќе врши надзор на парно греењето, и претходнo била вклучена во менаџирање на БЕГ, велат од ЕСМ

Редакција

(ВИДЕО) Пристигна филмот за грчката криза, Ципрас и Варуфакис

Редакција