еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Изложба „Неонска рефлексија“ на уметникот Антонио Пирковски

До 31 октомври ќе биде поставена изложбата „Неонска рефлексија“ на којашто во излозите на Францускиот институт и кафе-барот Нано во Скопје се претставени инсталации од македонскиот уметник Антонио Пирковски.

Илустрирајќи го градот како отворена галерија преку уметност прикажана во излозите, идејата е да се поттикне комуникација помеѓу пошироката публика и уметноста, притоа, овој пат, раскажувајќи мултидимензионални приказни за трансхуманизмот и технолошката еволуцијата на човештвото преку неонската рефлексија.

Кураторот на изложбата, Кристина Глигоровска, објасни дека уметничките инсталации го отсликуваат современиот пристап кон создавањето на скулптурални дела, генезата на универзумот, трансхуманизмот, како и човекот на денешницата во процесот на трансформација во сајбер-човекот од иднината.

„Клучниот елемент во делата е неонската светлината, која во излогот на Францускиот институт ја рефлектира пораката за испреплетената природа на уметноста, знаењето и модата која е моќна алатка за визуелизација на иднината, додека во излогот на кафе-барот Нано е отсликана симбиозата помеѓу уметноста, науката и технологијата,” додаде Глигоровска.

Изложбата „Неонска рефлексија“ е активност од проектот „Излогот како уметнички медиум“ во реализација на галеријата Акантус и Здружението за промоција на визуелната култура – Студио Вирту.

Специјален гостин на проектот беше Солин Д’Абовил, светски познат дизајнер, сценограф и специјалист за креирање на излози, основач на агенцијата Manymany во Париз и креаторка на некои од најкреативните излози во светот.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Францускиот институт и кафе-барот Нано.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Презентирано истражувањето „Европски навики за плаќање во 2019 година“

Редакција

МИА слави 21 година

Редакција

„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска прогласен за Роман на годината

Редакција