Министерот за финанасии, Драган Тевдовски на неговиот Инстарграм-профил сподели фотографија со цитат од изјава на шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард во која се вели:
„Кога на жените им оди подобро, и на економиите им оди подобро“.
„Осми март обично e денот кога се навраќаме на борбата за правата на жените, но не треба да заборавиме дека таа борба и понатаму трае. И покрај значајниот напредок, жените се уште потешко доаѓаат до работа, а и често се помалку платени од мажите за истото работно место.
Треб да правиме се, таквите аномалии да се исправат. Што се однесува до Министерство за финансии, работите стојат поинаку. Финансиите кај нас се главно во женски раце и до сега работата е завршена одлично. Ви благодарам на посветеноста.
Продолжете да се борите за вашите права, а ние ќе се трудиме да создаваме услови за севкупен развој, во тие рамки и за жените како успешни личности во бизнисот, културата, уметноста, општествениот живот“, напиша Тевдовски на неговиот Инстаграм-профил.
фото: Инстаграм-профил на Драган Тевдовски