еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Кејот 13 Ноември во Скопје реконструиран и поширок

Кејот 13 Ноември во Скопје на потегот од градскиот плоштад до булеварот Стив Наумов има целосно ново партерно уредување.

Реконструкцијата на овој дел од Кејот опфати партерно уредување на површина од околу 12.500 метри квадратни, која концептуално е поврзана со околните објекти.

Со реконструкцијата на кејот беше изведено целосно ново поплочување, патека за лица со инвалидитет, поставени се нови клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, кои целосно ги ослободуваат корените на овие дрвја, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и нови електрични столбови заради реализирање на забраната за паркирање, информираа од Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за Жан Митрев одложено, пред судот протестираа граѓани со транспаренти

Редакција

(Видео+Фото) Алармантно загадени со цврст отпад реките од сливот на Охридското Езеро

Редакција

Никој не ги купи акциите на Мијалков, ќе го купи ли некој неговиот запленет имот?

Редакција