еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставен утврди дека Граѓанскиот суд и Апелација ги повредиле правата на новинарот на „Фокус“, Стојановски за известување за „27 април“

На денешната седница на Уставниот суд, судијата-известител побара дополнување на дневниот ред и предложи да се отвори дискусија по предметот во кој подносител е новинарот на Фокус, Влатко Стојановски, кој бара да се утврдат повреди на уставно загарантираните слободи и права, кои според него се направени со пресуди на Основниот граѓански суд и Апелациониот суд Скопје.

– Денешното дополнување на судијата-известител содржеше нов предлог, а тоа е Уставниот суд да утврди повреда на слободите и правата на новинарот со конкретните пресуди, бидејќи не ги зеле предвид директните напади кон него во Собранието на 27.04.2017 година, иако како новинар известувал за прашања од јавен интерес (конституирање на ново парламентарно мнозинство) и притоа бил спречен да известува, односно да го оствари своето право на слободно изразување како новинар, информираат од Уставниот суд.

Во текот на советувањето и гласањето, како што е посочено во соопштението, судиите го усогласиле ставот дека со пресудите е направена повреда на неговите права, но немало мнозинство гласови за сите точки кои го сочинуваат конечниот предлог, а се однесуваат на правната судбина на двете пресуди, што значи дека овој предмет не е завршен.

Предметот, како што велат од Судот, ќе биде повторно ставен на дневен ред на некоја од наредните седници.

Подносител на барањето за заштита на слободи и права е Влатко Стојановски преку адвокат Филип Медарски од Скопје.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Нова модна колекција од Росица Мршиќ: Инспирирана и разработена по принципите на апстрактниот класицизам

Редакција

Како да ги направите вашите секојдневни пазарења поисплатливи?

Редакција

Каде се нема да можете да влезете ако не сте вакциниран или не сте прележале Ковид-19

Редакција