еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Градоначалникот на Крива Паланка шамарал полицаец, МВР најави пријава

Во врска со пријавата од К.С. во ОВР Крива Паланка дека на 14-ти овој месец бил физички нападнат од С.М., преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и во полициска станица е извршен службен разговор со С.М., како и со сведок на настанот, информираат денеска од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што велат од МВР, ќе биде поднесен соодветен поднесок против С.М..

Станува збор за градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој е пријавен од Кристофер Стоевски, полицаец во ПС Крива Паланка.

Стоевски пред неколку дена излезе со јавно тврдење дека бил шамаран од градоначалникот, а Митовски со контра тврдење дека со полицаецот имале претходно нерасчистени сметки.

Фото: Фејсбук/Митовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Верските лидери треба да обезбедат редарски служби за Велигден и Рамазан Барјам

Редакција

Расте бројот на должници на УЈП, и кај фирмите и кај граѓаните

Редакција

Нема пречки Стевчо Јакимовски да ја продолжи трката за претседател на Македонија откако беше ставен на „црната листа“ на САД

Редакција