еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Ќесе со лушпи од печени пиперки на дното на Охридското езеро

Од нуркачкиот центар „Акватек“ изминативе месеци објавија бројни фотографии на кои се гледа што се е фрлано во Охридското езеро. Најновата фотографија од дното на езерото е со ќеса со лушпи од печени пиперки.

„Ги печиш пиперките, пота ги лупиш, лушпите ги ставаш во најлонче, земаш кајчето и најлончето со лушпите од печените пиперки ги фрлаш во езеро и се враќаш на мезење со прекрасен поглед кон Охридското Езеро,“ пишуваат „Акватек“ на нивниот фејсбук-профил.

До сега од Охридското езеро беа извадени цела санитарија од купатило, гуми, па недостасуваа уште и лушпите од пиперки.

фото: Фејсбук-профил на Акватек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Опожарена трска на крајбрежјето во Струга

Редакција

Водостојот во Преспанското Езеро зголемен за 19 сантиметри, но состојбата се уште аларматна

Редакција

ДИЖС предложи казна во износ од 20.000 евра за фабриката „Пејпер Мил“ за загадување на воздухот во Кочани

Редакција