еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Зимска бајка во ресторан „Оскар“ во Нижеполе

Ресторанот „Оскар“ кој постои од 2002 година и се наоѓа во Нижеполе, Битола има амбиент во кој периодов навистина може да се почувствувата как во зимска бајка, посебно откако градот и околината беа зафатени од снежни врнежи.

Ентериерот е со природни, земјени тонови, а стаклото наместо ѕидови е одличен избор за пејзажот надвор да се прелее внатре. Терасата за сите сезони, е најубавиот дел од ресторанот.

Секое годишно време си носи свои убавини, но контрастот помеѓу топлината внатре и зимата надвор е вистинско уживање. Изборот на храна е разноврсен, и во менито има избор за сечиј вкус.

Вреди да се спомене дека од вчера и официјално започна со работа и ски-центарот Нижеполе.

Имајќи предвид дека понекогаш недостасуваат идеи каде да се помине викендот, оваа дестинација би била одличен избор.

Фото: Фејсбук/ресторан Оскар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стружанка на 56 години почина од корона вирусот

Редакција

„Познато друштво“ повторно во Надзорниот одбор на Комерцијална банка

Редакција

Застаре и „Топлик“, Јанакиески повеќе нема да биде гонет за случајот

Редакција