еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Водостојот во Преспанското Езеро зголемен за 19 сантиметри, но состојбата се уште аларматна

Нивото на водата во Преспанското Езеро е зголемено 17 до 19 сантиметри по последните врнежи од дожд и снег, кои го зафатија регионот на Преспа.

Водостојот, денеска, како што информира градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, е 516 сантиметри под нултата кота, која е на 847,60 метри согласно водомерната летва во село Наколец.

„Состојбата е алармантна. Тоа е резултат на многу фактори, кои влијаат директно или индиректно на хидролошката состојба, како и со природното богатство, видовите и живеалиштата, познати не само на локално и национално ниво, туку и во светски рамки“, изјави Гошаревски за МИА.

Причините за лошата состојба во која се наоѓа Еезерото ги гледа во човечките активности, климатските промени, истекувањето и неодржливото користење на водите во регионот, особено за водоснабдување и за наводнување на се поголемети површини различни земјоделски култури.

За надминување на состојбата, на барање на Општина Ресен беше формирана експертска работна група од научни институции и претставници на министерствата за животна средина и просторно планирање и за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои изготвија Акциски план.

„Потребни се конкретни долгорочни мерки и активности со точно дефинирана рамка за реализација, финансиска рамка со реален буџет и име на институција од која ќе се финансира конкретната активност.

И најбитно е да се врши одржлива приоритизација на предложените активности“, посочи Гошаревски.

Проблемот со водостојот на Преспанското Езеро, смета дека треба да се разгледува во рамките на одржливото управување со водите во Езерото и сливното подрачје со акцент на прекуграничното управување.

„Што побрзо мора да функционира управувачката структура на Преспа парк, за проблемот да се разгледува интегрално и одржливо, потребни се научно-истражувачки анализи од кои ќе произлегуваат мерките и активностите, финансиските средства и секако  итно донесување план за управување со споменикот на природата Преспанско Езеро“, истакна градоначалникот.

Долгорочните мерки од акцискиот план, додаде, вклучува испитување каде истекува водата преку планината Галичица во Охридското Езеро, истражување кое е правено пред 20 години, како и вклучување соседните држави во процесот за спас на Преспанското Езеро, а со краткорочните мерки пак, е предвидено чистење на плажите.

МИА/Фото: Фејсбук/МЕД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје активираше мерки поради загадувањето на воздухот

Редакција

Министерството за животна средина ги одзеде надлежностите на светиниколскиот градоначалник за депонијата кај Мечкуевци

Редакција

(Видео+Фото) Алармантно загадени со цврст отпад реките од сливот на Охридското Езеро

Редакција