еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Европска комисија: За извоз на вакцините произведени во ЕУ ќе бидат потребни дозволи

Европската комисија денеска соопшти дека отсега сите компании што произведуваат вакцини против Ковид-19 во ЕУ ќе треба претходно да ја известат Унијата доколку сакаат да доставуваат вакцини во трети земји.

– ЕУ ќе стори се што може за да ги заштити своите граѓани и нивните права, изјави еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес.

Таа посочи дека хуманитарните испораки ќе бидат изземени од оваа мерка.

Киријакидес додава дека ЕК предложи механизам за транспарентност на извозот на вакцини.

Европската унија со 2,7 милијарда евра го поддржа забрзаниот развој и производството на неколку вакцини против Ковид-19. Ние сакаме појасни трансакции и целосна транспарентност на извозот на вакцини од ЕУ, рече еврокомесарката во денешната изјава.

За неа е неприфатлива најавата за значително намалување на снабдувањето со вакцини од компанијата „Астра Зенека“ на пазарот на ЕУ и затоа ја замоли компанијата да одговори колку дози се произведени досега и на кого биле доставени.

Киријакидес посочи дека одговорите на „АстраЗенека“ на поставените прашања се уште не се задоволителни и разговорите ќе продолжат.

– ЕУ сака порачаните и повисоко платените вакцини да бидат доставени во најкус можен рок, а договорот да се почитува целосно, рече Киријакидес.

Инаку, вакцината „АстраЗенека“ е во фаза на одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА) и може да биде одобрена до крајот на неделава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со исклучок на неколку екстремистички гласови од Грција и Бугарија, мнозинство европратеници бара преговори со Македонија во јуни 2019

Редакција

„Дојче веле“: ЕУ повторно ќе ја стави Македонија на „црната листа“ за патување

Редакција

Како ќе функционира “Европската политичка заедница“, која ја предлага Макрон

Редакција