еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

„Дојче веле“: ЕУ повторно ќе ја стави Македонија на „црната листа“ за патување

Европската унија во петокот презеде чекори за враќање на патните ограничувања поради пандемијата на Ковид-19 за САД и уште пет други држави, a меѓу нив е и Македонија, пишува „Дојче веле“.

Меѓу земјите за кои ќе се вратат ограничувањата се и САД, Косово, Израел, Црна Гора и Либан.

Процедурата за одлуката започнала, а се очекува да биде потврдена во понеделник доколку ниту една земја-членка на ЕУ не ја блокира.

За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при туристички, односно т.н. не-есенцијални патувања во ЕУ.

Некои земји можат целосно тоа да го забранат, а некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за забавата во струмички „Аватар“, оттаму обвинуваат за селективност

Редакција

„Францускиот предлог“ е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието, тврди Ковачевски

Редакција

(Галерија) Моќен спој на две вистински легенди: Влатко Стефановски и BMW Серија 3

Редакција