еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Фото-кино клуб „Козјак” ги објави добитниците на награди од конкурсот за ФИЛМАЈ фестивал на кратoк филм 2022 – Куманово

Фото-кино клуб „Козјак” денеска ги објави добитниците на награди од конкурсот за ФИЛМАЈ фестивал на кратoк филм 2022 – Куманово.

Трочленото жири во состав: Сезер Салихи (сценарист и режисер), Косара Митиќ (сценарист и режисер) и Филип Илиевски (член на фото-кино клуб „Козјак“) одлучи да ги додели следниве награди: наградата „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија оди кај Самир Карахода за режирање на филмот „Изместено“ (Косово), наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија оди кај Владимир Самоиловски за неговата работа во филмот „Северен Пол“  (Македонија), наградата „Козјак“ за најдобро сценарио се доделува на Фотис Зампетакис за филмот „Ангелос на Божиќ“ (Грција) и наградата за најдобар домашен (македонски) филм се доделува на „Обичната Ели“ (во режија на Лавинија Софрониевска).

Новосоздадена ФИЛМАЈ награда за најдобар краток филм се доделува на „Самa“ (Хрватска, во режија на Борна Зидариќ), според заедничка одлука на членови на фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово.

Дополнително ќе биде објавена цела листа со официјално селектирани филмови кои ќе се прикажат на фестивалската вечер предвидена за 2 јуни 2022.

Информации и детали може да се следат на адресите: ФБ страна на фестивалот ФИЛМАЈ, како и на ФБ-страна на настанот за ФИЛМАЈ 2022.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската актерка Дарја Ризова најдобра меѓународна актерка во Турција

Редакција

Промоција на збирката поезија „Отвори ги очите“ од Љупка Антеска

Редакција

Модерниот проект „Скопје Ист Гејт“ на меѓународниот архитектонски форум SHARE

Редакција