еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Промоција на збирката поезија „Отвори ги очите“ од Љупка Антеска

Вечерва (6 декември) во Гостивар, ќе биде промовирана новата стихозбирка на поетесата Љупка Антеска, под наслов „Отвори ги очите“. Творбите во книгата се поделени во три циклуси: „Поезијо, остави ме“, „Љубов потпрена на патерици“ и „(Мо)ментални (за)белешки“.

Во поговорот на збирката, академик Катица Ќулавкова, меѓу другото пишува: „Повеќето песни од книгава Отвори ги очите зрачат со извесна самосвесност на поетесата, самосвест за себе како творец и за песната како творба која има свои правила, свој начин да биде, свој начин да заведе и да се запомни.

Поетесата знае како, од време на време, во точно одреден миг, да проблесне со некоја идеја, со некоја подробност која објаснува некоја суштина, па тие проблесоци на дребноста при набљудувањето и опишувањето на нештата во животот и живеачката, делуваат симпатично, пријателски, атрактивно, ведро, човечно.“

Настанот ќе се одржи во Центарот за млади и заедницата, со почеток во 18.30 часот. Промотори се: Снежена Стојчевска и Цветанка Колева, додека стихови од збирката ќе чита Катерина Гогова.

Љупка Антеска е роден 1980 година во Струмица. Живее и работи во Гостивар, како новинар. Претходно ги има издадено стихозбирките: „Денодение“  и „Лек за времето“.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија2025 доделува стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД

Редакција

Втората сезона од хит-серијата „Тајната на виновата лоза“ од 28 март ексклузивно на Суперстар каналот

Редакција

(Фото) Црквите се прозвани дека не помагаат на граѓаните, но не е така

Редакција