еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Македонија2025 доделува стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД

Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог-школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД.

Кандидатите ќе имаат можност да аплицираат на Програма за развој на извршни директори-Зафировски, програма која се фокусира на подобро разбирање на окружувањето во кое се одвива бизнисот, клучните функционални области на управување, развој и спроведувањето на корпоративната и деловната стратегија.

Програмата за обука на извршните директори е дизајнирана во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на современото лидерство преку внимателен баланс на функционално знаење, стратешко размислување, ставајќи акцент на меѓучовечки и лидерски вештини.

Таа е дизајнирана да овозможи проширување на разбирањето за улогите, одговорностите и интеракциите на клучните функционални деловни области за да ви даде поголема доверба во управувањето со нив; зајакнување на способноста за интерпретација и примена на информации од функционални области за солидно, целосно информирано донесување одлуки;, предизвикувајќи го размислувањето со примена на нови концепти и пристапи за поагресивно натпреварување на глобалниот пазар, како проширување на светоглед со нови перспективи и практично знаење стекнато преку соработка со меѓународна група врсници.

Ова ќе придонесе кон личен развој и раст на учесникикот, но и понатамошниот развој на македонските компании, а со тоа и на целокупната економија.

Фондацијата Робин и Мајк Зафировски ја поддржува Програмата за извршни директори – Зафировски уште од 2017 година. Македонија2025 искрено ја цени нивната посветеност и придонес кон развивање и раст на идните 100 бизнис лидери во земјата.

Досега во рамките на програмата се образовале над 40-тина македонски врвни бизнис професионалци од различни индустрии, кои се развија во влијателни и прогресивни членови на македонското општество.

Повикот е отворен до 1. април 2024 година.

За повеќе информации за критериумите, начинот на аплицирање, селекција, но и споделени лични искуства од поранешни учесници, посетете да најдете на официјалната веб-страница на Македонија2025, достапна ТУКА.

За сите дополнителни прашања контактирајте нè на [email protected].

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеничката Ременски и таткото на Боки 13 останаа без пасоши

Редакција

Џамија во Арачиново доби подарок комбе од Агенцијата за управување со одземен имот

Редакција

Основен суд Скопје 2 склучи договор со „Еви интернатионал траде„ за набавка на компјутери, вреден 371,6 илјади евра

Редакција